АД Алкалоид Берово е компанија која се занимава со производство на текстилни производи од 100% памук, како што се памучни ткаенини и санитетски материјали, а исто така има и сопствени финални производи за широка потрошувачка.
Таа е основана во 1961 година како средно претпријатие, а во 1990 година е регистрирана како акционерско друштво со целосен технолошки процес.
Денес АД Алкалоид Берово има вработено повеќе од 100 лица и има годишен приход од над 2 милиони евра. Тоа е единствената македонска компанија која произведува хидрофилна газа, стерилна газа и калико завои во согласност со меѓународните стандарди за овој вид на материјали.
Фабриката има развиено свој процес за производство на ткаенини од различен тип и тежина изработени од 100% памучно предиво. Прво, произведените ткаенини се белат и се бојат, а потоа се конфекционираат.
Кога ќе завршат процесите на производство, имаме финални продукти , кои потоа се продаваат како на домашниот така и на странските пазари.
Како извозно ориентирана компанија ние продаваме повеќе од 80% од нашите производи на пазарот во земјите од ЕУ.
АД Алкалоид Берово има широк асортиман на производи изработени од 100% памук
Произведуваме:
- Санитетски материјали како што се хидрофилна газа, стерилна газа и калико завој
- Памучни ткаенини во различни бои (сирови, бели или обоени) и различни тежини (од 35 гр/ м2 до 260 гр/м2)
- Тетра бебешки пелени во различни бои и големини (бела, штампана или обоена)
- Медицинска облека и болнички постелнина
- ХТЗ облека од бел или темноплав кепер